Луѓето кои страдаат од депресија најчесто во епизодите имаат лошо расположение и се враќаат во мислите на минатото. Тоа ги разликува од оние кои страдаат од дистимија, а кои имаат хронично и долготрајно чувство на незадоволство.
Дистимијата се нарекува и невидлив облик на депресија затоа што личноста често не е ниту свесна за овој проблем и се однесува сосема нормално сè до оној момент кога ќе почне да одбегнува социјални контакти. Главниот симптом на дистимијата е депресивно расположение кое се карактеризира со тага, непријатност, нерасположение и губење интерес за вообичаените активности.
Фото: Freepik
Симптоми се и самопотценувањето, потешкотиите во донесување одлуки и чувството на безнадежност. Лицето кое страда од дистимија има изразена неспособност да чувствува задоволство, а во животот му недостига радост, боја и возбуда. Со текот на времето, луѓето со дистимија се повлекуваат од социјалниот живот и се изолираат.
Какви се луѓето кои страдаат од дистимија?
Луѓето со дистимија често се нервозни, самокритични, преокупирани со настани од минатото, разочарувања и лични неуспеси. Тие може да бидат ригидни, беспомошни, да изгубат надеж и се песимисти. Овие луѓе чувствуваат општо незадоволство во животот, нихилистички се расположени, со низа барања и жалби.
Сето ова може да предизвика промени во спиењето, губење апетит и енергија.
Главната разлика со депресијата е тоа што овие чувства се хронични и долготрајни кај дистимијата, додека депресијата се карактеризира со епизоди. Лицата со дистимија на почетокот најчесто своите симптоми ги прифаќаат како начин на живот а бараат помош дури кога ќе станат дисфункционални на лично и професионално ниво.
Извор:
Studenti
Насловна фотографија: Freepik