X
 12.07.2018 Живот

Синоќа Хрватска буквално се тресела од навивање!

Гоефизичкиот оддел на загрепскиот ПМФ на својата фејсбук-страница објави интересен податок - синоќа Хрватска буквално се тресела од навивање.

Како што пишува, вчера било забележано силно тресење на земјата, а особено во два моменти - во 22.20 и 23.37 часот. До првото тресење дошло кога Марио Манџукиќ даде гол со кој ја однесе Хрватска во финале, а другиот кога турскиот судија означи крај на натпреварот. Тогаш, хрватските навивачи започнаа лудо да скокаат и очигледно успеале тоа да биде забележано со мерен инструмент.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот