X
 15.03.2019 Живот

Зошто животот би бил подобар ако сме имале само летно сметање на времето?

Летното сметање на времето спасува животи и енергија и го спречува криминалот. Ова го покажало истражувањето за летно сметање на времето на Стив П. Каландрило, кој е професор по право на Универзитетот во Вашингтон.

Тој дава и детални причини зошто е така.

1. Спасува животи

Едноставно кажано, темнината убива - а темнината во вечерните часови е далеку посмртоносна отколку темнината пред да се појави утрото.

Вечерниот сообраќаен метеж е двапати пофатален отколку утринскиот од различни причини: многу повеќе луѓе возат автомобили, има возачи во алкохолизирана состојба, луѓето брзаат да се вратат дома и повеќе деца играат на отворено, без надзор. Фаталните сообраќајни несреќи со пешаци се зголемуваат за трипати кога ќе зајде сонцето.

Летното сметање на времето носи еден час плус светлина. Стандардното време го има спротивното влијание.

Мегаистражување од „Рутгерс“ покажало дека можат да се спасат 343 животни годишно ако светот се раководи според летното сметање на времето.

vreme

2. Би се намалил криминалот

Темнината исто така е пријател на криминалот. Поместувањето на сончевата светлина во вечерните часови има далеку поголемо влијание врз спречувањето на криминалот отколку во утринските часови. Ова е особено точно за злосторства предизвикани од малолетници.

Криминалците повеќе сакаат да извршуваат криминални дела во темнина, навечер. Стапките на криминал се пониски за 30 отсто наутро и во попладневните часови, дури и кога тие утрински часови се пред изгрејсонцето, кога сѐ уште е темно.

Британско истражување од 2013 година покажа дека подобреното осветлување во вечерните часови ја намалува стапката на криминал за 20 отсто.

3. Се штеди електрична енергија


Многу луѓе не знаат дека оригиналното воведување на летното сметање на времето било поради заштеда на енергија, првично за време на Првата светска војна, а потоа за време на нафтената криза во 1973 година. Кога сонцето е присутно подоцна, се намалуваат максималните енергетски оптоварувања.

Секој човек е буден и користи електрична енергија во раните вечерни часови како што сонцето заоѓа. Но, значителен дел од населението сѐ уште спие пред изгревањето на сонцето, што резултира со значително помала побарувачка на енергија во тој период.

Ако имаме повеќе сонце во текот на денот, не само што помалку ќе трошиме електрична енергија, туку ќе се намали и количината на нафта и гас потребни за греењето на домовите и бизнисите.

4. Избегнувањето на поместувањето на часовникот го подобрува спиењето

Критичарите на летното сметање на времето се во право за едно нешто: промената на часовникот е лоша за здравјето и благосостојбата на луѓето бидејќи предизвикува хаос во циклусите на спиење. Инфарктите се зголемени за 24 отсто во текот на неделата кога се менува часовникот во март и во ноември, кога часовниците се враќаат назад.

5. Рекреацијата и трговијата процветуваат на сонце

Реакцијата и трговијата цветаат на дневна светлина. Луѓето не сакаат да одат надвор и да купуваат во мрак и не сакаат да спортуваат во темнина. Овие активности се далеку поприсутни во раните вечерни часови отколку во раните утрински часови.
Истражувањата покажуваат дека сончевата светлина е многу поважна за здравјето, ефикасноста и безбедноста на луѓето во раните вечерни часови отколку во раните утрински часови.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот