Уште еден математички проблем од каналот на „Јутјуб“ – „
MindYourDecisions“. Во овој проблем сè се врти околу ефикасноста и може да биде применета и во реалниот живот. Доколку сакате да знаете колку време е потребно за една работа да биде завршена со неколку работници што поседуваат вештини, тогаш оваа загатка може да ви биде добар пример.
фото извор: curiosity.com
Има три лица што треба да завршат една обврска: Алис, Боб и Чарли. За да се заврши работата, на Алис и Боб им се потребни два часа. На Алис и Чарли им се потребни три часа за да ја завршат истата работа. На Боб и Чарли им се потребни четири часа за да ја завршат работата. За колку време би се завршила работата ако сите тројца работат заедно на обврската?
Потребно е 1 час и 51 минута. Во видеото погледнете го објаснувањето.