X
 15.03.2021 Живот

Што му се случува на телото кога спиете на стомак?

Кога легнувате да спиете, веројатно се местите во положбата што најмногу одговара. Но, дали една положба е подобра од друга кога станува збор за добриот сон? И дали спиењето на стомак е штетно?

Спиењето на стомак може да обезбеди удобен притисок врз градите и стомакот, но со текот на времето може да предизвика болка во грбот и во вратот. Тоа е така затоа што тежината од торзото се спушта на грбот, предизвикувајќи неусогласеност на 'рбетот во текот на ноќта. Бидејќи 'рбетот е во центарот на мрежата на нерви на нашето тело, овој вид неусогласеност исто така може да предизвика болка во целото тело.

Исто така, спиењето на стомак може да го отежне дишењето. Ова се должи на влијанието на гравитацијата, која природно го влече телото надолу. Потребна е поголема енергија за да се полнат белите дробови и да се помести торзото додека дишете.

Спиењето на стомак ја намалува веројатноста за 'рчење и апнеа при спиење, но има и свои ризици. Со текот на времето потребата да го свртите вратот настрана на перницата може да предизвика проблеми со усогласувањето и да доведе до болка.

Киропрактичарот Ендру Банг вели дека треба да ги гледаме позициите за спиење исто како што би ги гледале додека сте будни.

- Замислете како стоите и гледате на еден начин два или три часа. Истегнувањето на мускулот на вратот во текот на тоа време создава болка - вели тој.

Доколку не можете да ја прекинете навиката за спиење на стомак, размислете да поставите мека, рамна перница под стомакот за подобро усогласување на 'рбетот. Спиењето без перница под главата исто така ќе го спречи вратот неприродно да се свитка.

Запомнете и дека препораката за доенчиња е секогаш да спијат на грб поради стабилизирањето срцевиот ритам и пониските стапки на ненадејна смрт на новороденчињата.

Извор: Healthdigest.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот