Неодамна
14 годишно девојче го доби правото да се замрзни нејзиното тело по смртта, битка што ја водеше во британскиот суд. Во своето писмо детето до судијата напишало:
„Мислам дека ако моето тело биде замрзнато ми се дава шанса да се разбудам, дури и по 100 години. Не сакам да бидам закопана под земја. Сакам да живеам подолго и мислам дека во иднина ќе пронајдат лек за мојот рак и ќе ме разбудат“.
Прераната смрт на едно младо лице е самото по себе трагедија и секој би бил трогнат од ова писмо. Според новинските извештаи неколку деца на возраст од седум години се пријавиле за замрзнување на нивните тела по смртта.
Точни бројки за колку луѓе биле подложени на оваа постапка не се знае бидејќи не постои систем за евидентирање на овие информации. Најверојатно постојат неколку стотици во САД и Русија каде се знае дека постојат објекти за оваа намена. Не постојат закони кои ја забрануваат праксата, но може да има законски пречки за тоа бидејќи повеќето земји прецизираат како мртвото тело мора да биде уништено и го исклучуваат долгорочното чување на мртвото тело.
Cryogenics е процес на длабоко ладење на телото со цел зачувување на ткивата на многу ниски температури. Луѓето кои сакаат да поминат низ тој процес се водени од можноста нивното тело да биде сочувано на некое неопределено време барем додека науката и технологијата ќе биде во можност да најди лек за секоја причина за смртта, да ги поправи оштетните ткива и најважно од се да ги врати во живот.
Но дали такво нешто е возможно? Човечките и другите животински ткива може да бидат зачувани. Труповите на мамути чувани во смрзната состојба се покажа дека имаат одржливи фрагменти на ДНК и по илјадници години.
Поточно човечката сперма и ембриони може да бидат чувани со години и да останат способни за живот. Но сепак повеќето научници се екстремно скептични за можноста, реанимирање на труп кој е во замрзната состојба.