X
 13.12.2023 Здравје

Развиен метод за 3Д-печатење во човечкото тело

Група истражувачи од Универзитетот „Дјук“ и Медицинскиот факултет при „Харвард“ развиле нов начин за 3Д-печатење во човечкото тело. Ова се прави со испраќање ултразвучни бранови и вбризгување биокомпатибилно мастило.

Откритието се базира на претходно развиено фоточувствително мастило кое станува цврсто кога е изложено на светлосни зраци, овозможувајќи создавање биомедицински структури. Меѓутоа, светлината може да влезе само неколку милиметри во ткивото на пациентот, па затоа новиот метод користи ултразвук.

Теоретски, методот би можел да овозможи поправање на коски или срцеви валвули без потреба од отворена операција.

- Ултразвучните бранови можат да навлезат повеќе од 100 пати подлабоко од светлината додека сè уште се просторно ограничени, така што можеме да допреме до ткивата, коските и органите со висока просторна прецизност - објаснуваат научниците.

Откако мастилото ќе стигне до целта, специјално дизајнирани ултразвучни бранови може да го зацврстат за да создадат структура во телото. По процедурата, преостанатото мастило кое не е цврсто може да се отстрани со шприц.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје