За некои луѓе, добриот сон е вистински предизвик. Но можеби причината за тоа се некои од митовите за спиењето што се шират низ интернет.
Апликацијата „Калм“ направила анкета на 4.337 возрасни лица во САД, Обединетото Кралство и Франција за да види колку луѓе веруваат во митови за спиењето. Резултатите покажале дека луѓето веруваат во многу митови, а некои од нив може да бидат и штетни. Ова се некои од најпопуларните.
Фото: Pixabay
Мит 1: Треба да останете в кревет ако не можете да заспиете
Звучи контрадикторно, но станувањето од кревет може да биде решение за вашите несони ноќи. Доколку се вртите в кревет 20 минути откако ги исклучивте светлата, експертите советуваат да станете. Се препорачува релаксирачка активност како читање или слушање музика.
Лежењето в кревет додека сте будни може да создаде нездрава врска помеѓу околината за спиење и будната фаза од денот, според експертите.
Мит 2: Алкохолот ви помага подобро да спиете
Иако белото вино и епизода од „Пријатели“ пред спиење звучи добро, пиењето алкохол пред спиење дефинитивно не го препорачуваат експертите. Според повеќе истражувања, алкохолот го нарушува циклусот на спиење и иако може да ви помогне побрзо да заспиете, може почесто да се будите.
Фото: Pixabay
Мит 3: Може да надоместите за изгубениот сон во текот на викендот
Подолгото спиење во сабота звучи примамливо, но тоа нема да го надомести изгубениот сон во текот на работната недела. Според истражување од „Харвард“, ова функционира бидејќи хроничната несоница не може да се поправи со едно подолго спиење.
Мит 4: Голтаме неколку пајаци годишно додека спиеме
Според експертите, домашните пајаци едноставно не се заинтересирани за луѓето што спијат, а лице што спие побрзо ќе го исплаши пајакот отколку да го привлече.
Извор:
Real Simple