X
 22.08.2017 Култура

Владета Јеротиќ: „Турскиот туш“ може да ни ги уништи децата!

Познатиот српски научник и академик Владета Јеротиќ објаснува како профилот на строг татко и нежна, попустлива мајка влијае врз созревањето на децата и што значи терминот „турски туш“.

„Ако детето, и кога сте строги, чувствува љубов, и да го плеснете по задникот нема да има последици. Но ако не чувствува љубов од вас, ќе има сериозни последици. А родителите некогаш умеат вистински да збеснат... Детето може да порасне во стабилна личност доколку е сигурно во љубовта на барем еден од родителите.

Мене татко ми знаеше добро да ме истепа, но само кога ќе згрешев. Беше праведен. Родители, внимавајте, немојте да го казнувате детето пред да утврдите дека е виновно.

Голем проблем, типичен за родителите на Балканот, е постоењето на класична бинарна родителска двојка. Строг, непопустлив и честопати безмилосен татко и добра, нежна, попустлива мајка на која татковците со генерации ѝ префрлуваат дека таквото однесување кон детето е причина за неговата разгаленост и непослушност.

Најлошо е кога таткото ќе го казни детето, а мајката потоа ќе го гушка, милува, ќе му даде чоколадо... тоа се нарекува „турски туш“.

Во поранешна Југославија дури 90 проценти од српските родители физички ги казнувале своите деца. А наградувањето било речиси непознато.

Не е тешко да се извлечат заклучоци за развојот на самодовербата и достоинството на децата од балканските простори, кои главно како мали биле казнувани, а многу ретко наградувани, милувани, пофалени.“
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура