Се чини
дека луѓето околу Нова година секогаш донесуваат одлуки за подобрување
на сопствениот живот, меѓутоа истражувањата покажуваат дека поголем
процент на луѓето воопшто не се држат до нив.
Одлуките не мора да
бидат работи кои треба да престанете да ги правите или да се ослободите
од нив, туку со нив треба да прифатите различен начин на размислување.
Клучот
како да го направите вашиот живот да биде неверојатен е да пронајдете
што ве прави среќни и да направите се` што е потребно за да ги задржете
овие работи. Ова се само некои од начините и навиките кои би можеле да
ве направат среќни.
1. Направете нешто од кое навистина се плашете.
2. Поминувајте време со луѓе кои ви го прават животот подобар.
3. Дозволете си некогаш да поспиете повеќе време.
4. Земете си слободен ден само затоа што сакате.
5. Исчистете се` во вашиот дом.
6. Изберете ново хоби кое ќе ве прави среќни.
7. Направете добри дела за луѓето.
8. Не си ја носете работата во домот.
9. Прочитајте книга која ќе ви го промени животот.
10. Верувајте му некому кога ќе ви каже нешто.
11. Јадете здраво.
12. Немојте да се замарате со работите кои не можете да ги промените.
13. Патувајте некаде кадешто не сте биле никогаш.
14. Направете нешто кое ќе ве исполни.
15. Ослободете се од работи (и луѓе) кои не ви се потребни.
16. Дајте отказ од работата доколку ја мразите.
17. Направете нешто, големо/мало, за кое ќе бидете навистина горди.
18. Пронајдете продуктивен начин за ослободување од стресот.
19. Немојте се` да сфаќате сериозно.
20. Најдете вид на вежбање кое ќе го сакате и правете го колку што можете почесто.
21. Издвојте време само за себе.
22. Јадете нешто кое никогаш не сте го пробале.
23. Дозволете си да бидете возбудени за одреден настан, нова книга или филм, патување или било што кое го сакате.
24. Завршете нешто што сте започнале.
25. Работете кон реализирање на целта која ја имате на ум.
26. Простете му некому.
27. Земете часови за нешто за кое сте навистина заинтересирани.
28. Опседнете се со нова тв серија.
29. Истражувајте нови места во вашиот град.
30. Направете напор да останете во контакт со семејството и пријателите.
31. Започнете да штедите.
32. Посвојте животно.
33. Подарете си нешто кое го сакате долго време.
34. Волонтирајте за некоја цел во која верувате.
35. Одлучете што сакате, и реализирајте го.