18.01.2017
Живот
Конфучиj: Вистинското знаење е кога знаете колкава е нечија глупавост
Мудри мисли од прочуениот кинески филозоф и основач на куфичијанството.
„Животот е многу едноставен, но ние инсистираме да го искомплицираме“.
„Не е важно колку бавно одите, се` додека не застанувате“.
„Изберете работа која ја сакате, па никогаш нема да мора да работите“.
„Тишината е вистински пријател кој никогаш не ве изневерува“.
„Вистинското знаење е кога знаете колкава е нечија глупавост“.
„Она што не сакаш да ти го прават, немој да го правиш на другите“.
„Само најмудрите и најглупавите луѓе не се менуваат“.
„Угнетувачка власт е пострашна од тигар“.
„Големината на човек не е во тоа никогаш да не падне, туку да стане секој пат кога ќе падне“.
„Каде и да одиш, оди со цело срце“.
„Сѐ има убавина, но не секој ја гледа“.
„Силата на една нација доаѓа од интегритетот на домот“.
„Кога е очигледно дека не можат да се реализираат целите, не ги прилагодувајте целите, туку чекорите“.
„Мудроста, сочувството и храброста се трите универзално признаени морални квалитети на луѓето“.
„Посрамно е да не им се верува на пријателите, отколку да се биде измамен од нив“.
Подготвил: Тамара Гроздановски