X
 15.04.2019 Живот

Гори познатата катедрала Нотр Дам во Париз

Густ чад се извива над катедралата Нотр Дам во Париз. Сè уште не се познати причините.

По два часа откако започнал пожарот се срушил врвот на катедралата во пламените.

Официјалните лица во Париз велат дека пожарот, кој започнал во катедралата стара 850 години во 19 часот, би можел да е поврзан со неодамнешното реновирање. Катедралата веќе некое време била подложена на поправка. Покрај главниот западен влез, кој неодамна беше реставриран, се појавиле и голем број пукнатини низ фасадата, а придружната конструкција која ги држеше прозорците на катедралата се распадна за време на бура.

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека го откажува говорот што требаше да го даде оваа вечер токму поради пожарот.

- Нашите мисли се со католиците и сите Французи. Како и сите наши сонародници, и јас сум тажен што гледам дека гори дел од нас - напиша Макрон на неговиот твитер-профил.

1


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот