X
 12.12.2016 Здравје

Градот на светлината станува град на стаорците


Ајфелова кула во Париз

Градското собрание на Париз привремено ќе ги затвори парковите во француската престолнина, за да ја спречи наездата на стаорци, јавува BBC.

Пет паркови веќе се затворени, а наскоро истото ќе го сторат и со паркот Champ de Mars, во близина на Ајфеловата кула.

Службениците тврдат дека популацијата од стаорци пораснала заради големото количество ѓубре.
Кампањата на париските власти вклучува поставување стапици и апел до јавноста да не ги хранат гулабите и стаорците.

Се планира редизајнирање на корпите за отпадоци, со цел стаорците да не можат да влегуваат во нив, пишува BBC.

Парискиот блог Vivre le Mare истакнува дека проблемот на граѓаните со овие глодари е многу голем.

-    Ноќеска во 18 часот изброивме околу 200 стаорци покрај улицата Rivoli, во центарот на Париз, се наведува во блогот.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје