Во Струга почна реализацијата на трансконтиненталниот проект „Младите ја обликуваат иднината [YouLEAD]“, поддржан и финансиран од Европската комисија во рамките на Еразмус+ програма.
Во овој двегодишен проект се вклучени претставници на универзитети, бизнис и НВО-секторот од 11 држави, и тоа од Австрија, Австралија, Бугарија, Германија, Грција, Казахстан, Киргистан, Непал; Полска, Узбекистан и Македонија.
Основна цел на проектот YouLEAD е да се развијат капацитетите на членовите на проектниот конзорциум (универзитети; бизнис-секторот и НВО) за зголемување на јавната свест преку константен притисок врз владите и јавниот сектор за имплементација на целите на одржливиот развој со користење на алатките на дигиталниот маркетинг, пред сè, на мобилните телефони.
Проектот е дел од глобалните активности на Обединетите нации за остварување на целите на одржливиот развој фокусирани на намалувањето на сиромаштијата, социјалната правда и одржливоста на животната средина како голем морален и политички императив на нашето време. Овој императив може да се исполни ако постои радикален пресврт. Во срцето на оваа промена во глобалната иновативна агенда е поголема почит кон културната разновидност, регионалната разновидност и демократската одговорност.
Координатор на проектот е Асоцијацијата за истражување, едукација и развој „Маркетинг порта“ од Скопје.
(Комерцијална објава)