X
 23.12.2017 Наука

2017 - година на неверојатни медицински иновации

Од револуционерни импланти за очи до магнетско лекување на сколиоза, годинава ја обележаа неколку одлични достигнувања во здравствениот сектор. Може да се каже дека 2017 беше неверојатна година во однос на иновациите во медицината. Во текот на целата година светот беше сведок на нови методи за третирање болести и креирање нови ефикасни уреди со кои се олеснува и се подобрува медицинскиот третман.


2017 година ќе се памети како периодот кога се тестира и воведе неинвазивната операција на срце. Тука е и создавањето на превентивниот начин за спречување мозочен удар, кој е несомнено меѓу првите фактори за смртните случаи на денешницата.

Светот се запозна и со нови методи за вакцинација, односно вакцинација без игла, со користење лепенки. Исто така, се постигна напредок и во стоматологијата, па се воведе метода на лекување кариес без да треба да се стружат забите.

Едно од најреволуционерните достигнувања беше креирањето вештачка утроба во која може да се создаде живот, нешто што несомнено може да се вброи во категоријата неверојатни иновации.
Иако 2017 година беше исполнета и со низа стресни моменти, сепак, овие достигнувања покажуваат дека човештвото работи на развој и напредок со цел да се создаде посветла иднина.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука