X
 15.04.2022 Живот

Морските номади од народот Бајау нуркаат по 5 часа дневно

Тие живеат во водите на Југоисточна Азија, немаат своја држава, не гледаат на часовник и не слават родендени. Под вода се околу пет часа дневно, а умеат да фатат риба од прв обид уште како деца. Нивните слезини се двојно поголеми отколку кај просечниот човек, а некои ги нарекуваат морски номади бидејќи тие можеби еволуирале за живот на море.

Ова се факти за народот Бајау, етничка група со малајско потекло. Тие можеби се последната група луѓе што цел живот го минуваат на вода. Припадниците на оваа група не се насилни и се занимаваат со ловење риба, а во тоа се многу добри. Иако немаат своја држава, ја развивале културата преку фолклорот и богатата традиција. Со генерации усно се пренесува приказна за човек кој се нарекувал Бајау, а кого го следеле луѓето во водата.


Повеќето од овие луѓе денес немаат ушни тапанчиња бидејќи како деца ги дупчат за полесно да нуркаат. Од алат користат дрвени очила и подводни пушки, кои самите ги изработуваат. Дневно ловат од 2 до 18 килограми риби и октоподи.

Просечниот човек под вода може да остане околу 30 секунди, но најдобрите нуркачи од групата се задржуваат под вода над 10 минути.



Генетичарката Мелиса Илардо ги истражувала овие луѓе и открила дека тие имаат необично големи слезини кои им помагаат подолго да го држат воздухот под вода. Но таа открила и дека луѓето од групата што не нуркаат имаат големи слезини, а за тоа се заслужни гените.



Извор: Pun kufer
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот