Маркс сметал дека комунизмот не може да биде воспоставен брзо и преку ноќ, туку дека е потребно одредено време и долг и болен процес на искоренување на капитализмот, па воспоставување на бескласно комунистичко општество.
Како и обично, теоријата не била применета во пракса на начин на кој е тоа замислено. Во Југославија комунизмот, или барем она што се нарекувало комунизам, пристигнал практично преку ноќ. Комунистите имале толкава желба да ја наметнат својата идеологија, па заборавиле на начинот на уредување, организација и план за применување на истата во реалноста. Меѓутоа, тие имале нешто друго, а тоа е способност за се да свртат во своја корист. Секако, во тоа им помогнало и тоа што можеле да контролираат се, па со самото тоа и да го искористат за свои потреби и политички игри.
Нивната борба за власт траеле цело време во текот на војната, под параванот на лажна борба против окупаторот. Полни со самодоверба и под влијание на нагон, а со минимум неопходен морал, ја започнале својата валкана борба. Силни на зборови и со дивјачки жар во очите, не им било тешко да изманипулираат со збунетата млада популација во тој период. Младите, свесни дека нешто треба да преземат, слепо верувале во нивните пароли.
Така партијата дошла до власта, неспособна да ја прилагоди својата идеологија во реалната ситуација и да направи слична копија по комунистички модел. Наместо тоа, тие се обиделе да ги спроведат своите идеи кои биле продукт на извртена слика на совршен свет. Обратна перцепција и замрсен систем на вредности воделе кон импровизација. Ништо не можело да изгледа точно онака како што пишува во книгите. Односно, можело да изгледа, но не и да функционира на начин на кој би требало. Така, „паметните другари“ се досетиле се да изедначат по било која цена, а оние кои им се спротивставувале да ги затворат во логори, да ги убијат и да го избришат секоја нивна трага.
Тоа било совршена прилика за оние луѓе од дното на општествената скала да се искачат до самиот врв. Сите оние кои биле неработници и на нив сличните, добиле се што не им припаѓа. ДОбивале половини од становите од луѓето кои за тоа работеле со години. Луѓето кои стекнувале целиот живот дошле во ситуација нивниот имот да им биде одземен и да се додели на тие неработници за сите да бидат еднакви. Без никаква правна смисла, без правда, комунизмот во Југославија уништил сите дотогашни вредности на еден народ. Можеби не буквално, но во добра мера биле осакатени одредени традиции кои биле чувани и штитени низ вековите.
Пред се, исчезнале манирите. Господата биле заменети со луѓето кои никогаш немале амбиции или потреба за да направат нешто со својот живот и секогаш ги обвинувале оние кои успеале да постигнат нешто во својот живот. Плукале по сите што имале добра кариера, а потоа добиле прилика да бидат еднакви со нив, па дури и над нив во некои случаи.
Тука престанува сета смисла на нормалното поимање на правниот систем. Тука нема повеќе закон, нема суд за правда, туку за припадност.
Во целото тоа бунило, народот запаѓа во криза. Кризата предизвикана за опстанок, за живот, за слободно општество и држава. Таа криза потполно ги исцрпела луѓето и целата енергија од нив. Општеството преминало во голем терен каде што сите биле дел од игра, но не ги почитувале истите правила.
Комунизмот исто така ја загушил верата во народот. Верата била главен мотив, црквата била сериозен фактор во одлучувањето за важните прашања за добробит на државата, меѓутоа комунизмот успеал да ја елиминира верата и народот од тоа никогаш не се опоравил. Верата е можеби вратена, но нејзиното влијание значително е намалено и денес ја нема таа функција како што ја имала некогаш.
Уметноста ја изгубила смислата, уметниците ги губеле главите заради своите погрешни мислења. Политиката е сведена на приземна манипулација, а друга страна не постоела за да се спротивстави на сето тоа, бидејќи се било контролирано. Народот го изгуби идентитетот, се претвори во несвесна машинерија. Сите кои имаат поразлично мислење се уништуваат на најбрутални начини. Важно било само да се задржа послушна маса на луѓе која ќе прати наредби, а не би претставувала никаков вид опасност за партијата.
Комунизмот го уби духот на народот во секој поглед. Но, многумина тврдат дека во тоа време живееле многу подобро. Живееле подобро само оние кои биле на нивна страна или пак, биле неутрални во целата таа ситуација. Сите тие бајковити приказни за убавото време подоцна покажале зошто и како тогаш можело да се живее на тој начин. Долговите кои останале по тие руини, се причината за уништување на народот, неговиот дух, вера, традиција.
Автор: Војислав Стојсавлевиќ, „
Мој недељник“