Филмот „Непристоен предлог“ на режисерот Адријан Лин, кој имаше премиера на 7 април 1993 година, се смета за еден од најконтроверзните филмови во историјата. Главните улоги ги толкуваа Роберт Редфорд, Деми Мур и Вуди Харелсон.
Заплетот на филмот ги следи Дејвид и Дијана, чии животи ќе се превртат наопаку откако милијардерот Џон им нуди милион долари за една ноќ со Дијана. Оваа неморална понуда ја тестира љубовта на парот и ги доведува во морална дилема.
Зошто јавноста го критикуваше филмот?
Филмот беше многу контроверзен поради темата за проституција, што доведе до негативни реакции од публиката и филмските критичари. Многумина го окарактеризираа филмот како сексистички бидејќи ликот на Дијана се користи како предмет на сексуална размена.
- Тоа беше неверојатно сексистичка ера, сè што требаше да направам беше да не се лутам поради фактот што донесоа други сценаристи, не направив никакви проблеми затоа што ќе бев отпуштена. Сексистички е да се каже не може да се прикаже жена на екранот како прави нешто морално двосмислено. Барав приказна преку која сакав да напишам зошто некои врски траат, а некои не. Имав своја теорија, а тоа беше способноста за простување. Концептот на сценариото беше - како може да продолжи бракот по афера? Не постои двојка на овој свет кај која не се случува нешто страшно што изгледа непростливо - рече сценаристката Ејми Холден Џонс во една пригода.
Во оригиналното сценарио Дијана не спие со Џон.
- Во него повеќе се работеше за довербата. Она што се случи беше дека еден маж плати милион долари, но таа не спиеше со него. Тој плати за да го натера нејзиниот сопруг да поверува дека таа го стори тоа, а потоа бракот се распаѓа поради недоверба. Извршните директори прочитаа, се вратија и ми рекоа: „Не, таа мора да спие со него“.
Таа се осврна и на контроверзиите предизвикани од филмот.
- Филмот предизвика контроверзии кога беше објавен бидејќи, знаете, како можев да напишам такво нешто? Филм за жена која ја поминала моќта со маж за милион долари. Идејата дека жената никогаш не треба да биде во искушение или треба да биде толку чиста што не може да се сними филм за тоа - мислам, одете гледајте француски филмови.
Јас сум феминистка, но дел од феминизмот за мене е тоа што жените не можат да бидат прикажани како визии за совршенство на екранот, туку како комплетни човечки суштества со избор - вели сценаристката.
Вистинска приказна - инспирација за филмот
Сепак, иако беше многу критикуван, филмот доживеа огромен успех. Заработи 260 милиони долари, а една од причините зошто луѓето го гледаа беше одличната актерска екипа.
Инспирација за филмот беше неморалната понуда на Џоан Колинс. Имено, Адријан Лин, 20 години по објавувањето на филмот, во интервју за „Ентертејнмент викли“ откри дека филмот е инспириран од вистински настан кога еден маж ѝ понудил милион долари за една ноќ на британската актерка Џоан Колинс. Таа ја одбила понудата.
Фото: Screenshot/YouTube