Македонскиот филм „Хомо“ на режисерот Игор Иванов-Изи се закити со две награди на 22. издание на Фестивалот на европски филм, кој деновиве се одржа во Лече, Италија. Филмот беше награден од публиката, како и со признанието „Cineuropa“.
- И покрај трагедијата во дејството, филмот е забавен и ни дава надеж низ призмата на едно дете, кога веќе сѐ друго изгледа изгубено - вака фестивалските критичари го опишаа „Хомо“.
Во филмот играат: Сашко Коцев, Александар Матовски-Цако, Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Мајлинда Косумовиќ од Косово, Оливер Митковски, Сергеј Димовски, Јоана Буковски од Бугарија, Себастијан Каваца од Словенија, Јелена Јованова, Мони Дамевски, Мартин Манев, Славиша Кајевски.