X
 15.04.2024 Живот

Овој месец нѐ очекува метеорскиот дожд Лириди

Древниот метеорски дожд Лириди ќе го разубави нашето пролетно небо овој месец, означувајќи го првиот значаен небесен настан по историското целосно затемнување на Сонцето кое се случи на 8 април.

Лиридите се враќаат секоја година во април и претставуваат еден од најстарите метеорски дождови досега, забележани уште во 687 година пр.н.е.

Генерално, Лиридите се сметаат за метеорски дожд со средна јачина, произведувајќи 10-15 метеори на час, а понекогаш и огнени топки кога се набљудуваат под ведро, темно небо за време на врвот на метеорскиод дожд. Оваа година Лиридите почнаа на 15 април и ќе траат до 29 април, а врвот ќе го доживеат на 21 и 22 април. 

За жал, овогодишниот врв паѓа непосредно пред полната месечина на 23 април, што значи дека светлината на месечината ќе ја попречи глетката.

 
Попознати како ѕвезди што паѓаат, метеорите се создаваат кога фрагменти од астероиди или комети ќе дојдат во контакт со атмосферата на Земјата. Во случајот со Лиридите, „родителскиот објект“ на дождот е кометата Тачер, последен пат видена во 1861 година кога и била откриена и таа нема да биде повторно видлива од Земјата приближно до 2283 година.

Следниот метеорски дожд е Ета Аквариди, кој ќе го достигне својот врв во првиот викенд од мај.

Извор: Mlive.com
Фото: NASA/JSC/D. PettitNASA
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот