X
 15.05.2015 Живот

Моменти за кои вреди да се живее

Што ве прави среќни?

Мнозинството е едногласно кога станува збор за ова прашање, барем доколку може да судиме според истражувањето спроведено од „Double Tree“. Со истражувањето откриваме дека луѓето генерално се оптимисти, а дури 56% од испитаниците се изјасниле како особено среќни. Живееме во еден среќен свет. Ширете ја среќата насекаде!

Следуваат моментите кои луѓето ги прават најсреќни.

1. Наоѓање пари кои не сте знаеле дека ги имате.

2. Кога некој неочекувано ве прашува како сте.

3. Спиење во кревет со чисти чаршафи.

4. Насмевка од дете кое го гледате на улица.

5. Гушкање некого пред да станете и започнете со обврските.

6. Будење и сфаќање дека е сончев, прекрасен ден.

7. Долг телефонски разговор со некој кого немате чуено одамна.

8. Гледање филм додека врне дожд.

9. Гледање деца како играат и се смеат.

10. Време поминато со домашните миленици.

11. Насмевка од туѓинец.

12. Долго и гласно смеење на смешен спомен.

13. Убав гест од некој во вашиот живот.

14. Мирис кој го сакате (свеж леб, свежо косена трева).

15. Облекување алишта откако сте ги стоплиле на радијаторот.

16. Гледање изгрејсонце или зајдисонце.

17. Мирисот по дождот.

18. Слушање на омилениот пејач/бенд.

19. Креативна работа - цртање, креирање, дизајнирање.

20. Јадење на појадокот во кревет.

21. Играње игра која ја сакавте како мали.

22. Дополнителни половина час во кревет.

23. Слободно време за читање сакана книга.

24. Пробување нов рецепт и готвење нешто неверојатно.

25. Слушање песна која не сте ја слушнале со години.

26. Помагање некому.

27. Уживање во домот кога е среден и чист.

28. Постигнување мала победа, како поправање уред или заменување сијалица.

29. Положување испит без учење.

30. Положување испит со учење.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот