X
 07.04.2016 Технологија

Што се` ќе содржи новиот iPhone7?

Новиот телефон од „Apple“ ќе има невидена технологија досега - двојна камера за одличен квалитет на фотографиите.


За новиот iPhone има многу претпоставки, но се чини дека тој ќе стане омилен телефон на сите амбициозни фотографи кои го користат телефонот како апарат.

Имено, аналитичарот Минг Чи-Куо изјавил дека новиот iPhone ќе има двојна камера благодарејќи на која фотографиите би биле квалитетни како оние направени со DSLR-камера, пишува „Unilad“. Тој новитет би можел да биде ограничен на поголемиот модел, iPhone 7 Plus.

Претставувањето на новиот телефон се очекува за оваа есен, поточно во септември. Двојната камера би требала да биде еден од најголемите адути на „Apple“ за пазарот.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија