X
 15.05.2017 Наука

Според некои научници - атеистите се поинтелигентни од религиозните луѓе

Според неколку истражувања - атеистите се поинтелигентни од религиозните луѓе

Мирон Зукерман, Џордан Силберман и Џудит Хол од Универзитетот во Рочестер и Североисточниот универзитет спровеле мета-анализа (статитистичка анализа која ги комбинира резултатите од повеќе научни студии) на 63 истражувања кои покажуваат значително негативна поврзаност помеѓу интелигенцијата и религиозноста.

Поврзаноста е најсилна кај студентите и најслаба кај тинејџерите и децата.

Исто така, таа е посилна кај верските убедувања, од религиозното однесување.

Во истражувањето религиозноста била дефинирана како „степенот на вклученост во некои или сите аспекти на религијата“. Во ова биле вклучени верувања во натприродното и „скапи обврски кон истите“ како што е нудење на имот како жртва. Друг аспект бил учеството во ритуали како на пример одење во црква, и „пониски егзистенцијални стравови како што е смртта, поради верување во натприродни агенти“ (кога човек помалку се плаши од смртта бидејќи мисли дека ќе оди во рајот).

Не е сосема јасно зошто нерелигиозните луѓе се поинтелигентни - но разликата варира со возраста. Кај студентите поделбата е најсилна.

Причината позади ова веројатно е тоа што поинтелигентните студенти имаат поголема веројатност да го прифатат атеизмот како форма на несообразност. Универзитетот има тенденција да ги изложи луѓето кон нови идеи и влијанија, а студентите имаат тенденција да ги изгубат своите верувања или да станат уште повеќе религиозни во овој период, вели истражувањето. Овие промени често резултираат со „само-истражување кое е типично за новата зрелост и кое е често кај студентите поради оддалеченоста од домот и изложеноста на контекст кој поттикнува преиспитување кое може да им овозможи интелигенцијата да влијае врз нивните верски убедувања.

Користејќи аналитичко размислување, поинтелигентните студенти имаат поголема веројатност да ја избегнуваат религијата. Подоцна во животот, поинтелигентните луѓе имаат поголема веројатност да стапат во брак и да останат во брак, со што помалку се потпираат на сигурноста која ја обезбедува религијата. Исто така, поинтелигентните луѓе имаат поголема веројатност да работат работа од повисоко ниво и да поминуваат повеќе време на училиште, кое води до повисока самодоверба со што се поттикнува контрола на личните убедувања.

Истражувањето трае скоро 80 години и ја мери поврзаноста кај сите возрасти.

Истражувањето вели дека религиозните верувања можат да помогнат во управување на ужасот од смрт. Но, научниците не успеале да пронајдат докази кои се однесуваат на односот помеѓу интелигенцијата и анксиозноста предизвикана од смртта. Иако оваа логика сугерира дека негативната поврзаност помеѓу интелигенцијата и религиозноста може да се намали до крајот на животот, релевантните докази кои ги има, укажуваат поинаку.

Високо интелигентните членови, имаат ниски оценки за религиозност, дури и во текот на нивните златни години (75-91 година).

Целото истражување можете да го прочитате ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука