X
 23.11.2021 Наука

Ново истражување за ефективноста на маските, физичката дистанца, вакцинирањето и миењето на рацете

Новото истражување покажа дека носењето маски е една од најефикасните нефармаколошки епидемиолошки мерки за борба против ширењето на коронавирусот, особено делта-сојот. Но, и други мерки се покажаа како ефикасни во спречувањето на ширењето на пандемијата.

Според метаанализата на 72 студии спроведени од научници од Универзитетот „Монаш“ во Австралија, носењето маски го намалува преносот на вируси за 53 отсто. Сепак, овој резултат немал иста статистички значајна тежина бидејќи само мал број достапни студии за оваа мерка биле вклучени во анализата.

Во трудот пишува дека глобалните програми за вакцинација се покажале како безбедни и ефективни и спасуваат животи, но дека тоа не е целосна заштита од ширење на коронавирусот.

Според истата анализа, физичкото дистанцирање ја намалува инциденцата за околу 25 отсто.

- Веројатно понатамошната контрола на пандемијата на коронавирусот не зависи само од високата покриеност на вакцинацијата и нејзината ефикасност, туку и од континуираното придржување до ефективни и одржливи мерки на јавното здравје - посочуваат Стела Талиќ и нејзините колеги од „Бритиш медикал журнал“.

раце
Фото: Freepik


Тие додаваат дека поради хетерогеност, не можела да се направи студија за ефективноста на универзалното заклучување, карантинот и изолацијата, како и затворањето на границите, училиштата и работните места.

Затворањето (локално и национално), физичкото растојание, задолжителното користење маски за лице и хигиената на рацете се спроведуваат како примарни превентивни мерки за контрола на коронавирусот.

Се покажа дека интервенциите во контролата на респираторните инфекции се ефикасни во борбата против респираторните инфекции кои се пренесуваат преку контакт, капки и аеросоли.

Предизвикот е да се одреди кои мерки би можеле да бидат поефикасни и поодржливи за понатамошно спречување на ширењето на вирусот бидејќи коронавирусот е многу заразен.

Исто така, истражувачите велат дека процентот на населението што мора да се вакцинира против коронавирусот за да се постигне колективен имунитет во голема мера зависи од сегашните и идните варијанти. Тие заклучуваат дека, меѓу другите фактори, овој праг на вакцинација варира во зависност од земјата и одговорот на населението, типовите вакцини, приоритетните групи за вакцинација и мутациите на вирусот.

Извор: Zimo.dnevnik.hr | Bmj.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука