X
 06.10.2022 Живот

Како изгледа кога алчноста ќе го обземе човекот? Краток филм покажува што се случува

„Црна дупка“ е краток филм од 2008 година во режија на Оли Вилијамс и Филип Сансом, кој на хумористичен начин ги прикажува искушението и алчноста на еден човек.

Дејството се одвива во деловен простор, каде што во фокусот е однесувањето на еден канцелариски работник кој останал сам во компанијата.

Работата му е монотона, а расположението не му е на завидно ниво. Сепак, сè се менува кога вработен кој пие кафе во фотокопир ја открива натприродната моќ на „црната дупка“ на едно парче хартија.

Благодарение на напивката која ја става на црниот круг, по што чашата пропаѓа, тој сфаќа дека низ црната дупка со раката може да допре под која било површина во компанијата. Поради ова сознание, станува поенергичен, но и поалчен.

Рајан зема чоколадо од автоматот за грицки и додека го јаде, размислува што може следно да земе, односно да украде.

Во просторијата гледа каде стои сефот. Отклучувајќи го со помош на „црната дупка“, се приближува до сефот и на ист начин ги зема парите. За да го земе сето она што е внатре, тој влегува во сефот. Но, одеднаш хартијата паѓа, а тој останува заробен. Алчноста на крајот го чинеше скапо: неговата слобода.

Што го прави овој филм толку добар? Изненадувањето, хуморот, натприродните елементи, креативното сценарио и брилијантниот портрет за тоа како луѓето можат да ја изгубат контролата пред искушението.



Извор: Bizlife.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот