Од понеделник познатата црногорска туристичка дестинација, градот Будва, воведува наплата на излетнички такси за Стариот град по цена од едно евро, соопшти туристичката организација „Будва“.
Излетничката такса нема да важи за деца до 12 години, лица со тешки попречувања, учесници во школски екскурзии, странски државјани кои според меѓународните конвенции се ослободени од плаќање такси и кои организирано преку официјални хуманитарни организации одат во Будва заради укажување хуманитарна помош.
Такса нема да плаќаат ни гости сместени во туристичките капацитети што се наоѓаат на територијата на Будва, а кои веќе платиле такса за престој.
Таксата привремено ќе се наплаќа во информативно-туристички
пункт во Стариот град.