Научниците откриле нови податоци кои би можеле да објаснат зошто мажите имаат пократок просечен животен век од жените. Истражувањата покажуваат дека тоа е поврзано со губењето на Y-хромозомот, што може да предизвика лузни на срцевиот мускул и да доведе до фатална срцева слабост.
Се проценува дека околу 40 отсто од 70-годишните мажи страдаат од губење на овој хромозом. Истражувањето покажало и дека мажите што пушат почесто го губат Y-хромозомот во староста.
Научниците претходно откриле дека мажите што страдаат од губење на Y-хромозомот имаат поголема веројатност да умрат помлади и да се разболат од болести поврзани со стареењето, како што е Алцхајмеровата болест.
Се верува дека ова истражување е прв силен доказ дека губењето на хромозомот е директна причина за штетни последици врз здравјето на мажите.
Истражувачите ги донеле заклучоците со помош на технологија која била тестирана на глувци и анализирајќи податоци за човечки испитаници од Обединетото Кралство.
Извор:
Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay