Метриките за процена за безбедноста, инклузијата и пристапот на жените до правда варираат од земја до земја и од регион до регион.
Подолу може да видите кои се топ-10 земји за жените, а графиконот е направен со користење на индексот за мир и безбедност на жените за 2023 година од Институтот за жени, мир и безбедност во Џорџтаун.
Девет од десетте најдобри земји за жените се во Европа, а Нов Зеланд е единствена земја надвор од овој континент што се најде во најдобрите.
Прва на листата е Данска, која има многу добри резултати кога станува збор за инклузијата (како што е финансиската, но и парламентарната репрезентација) и правдата (како отсуство на правна дискриминација и пристап до правда). Скандинавските земји Шведска и Норвешка високо котираат на листата.
Македонија се најде на 44. место.
Фото: Visual Capitalist
Генерално, најдобрите земји за жените имаат ниска мајчинска смртност, високи стапки на образование и недостиг на политичко насилство против жените и на близина до конфликт.
Од поголемите земји, Канада се најде на 17. место на листата, Велика Британија на 26. и САД на 37. место.
Од регионот, Хрватска е најдобро рангирана и се наоѓа на 25. место, следува Србија на 32. место, Бугарија е на 35. место, Словенија на 36. место, Црна Гора на 41. место, Албанија се најде на 45. место, Грција на 51. место, Босна и Херцеговина на 55. место и најлошо рангирано е Косово, кое се најде на 100. место.
Извор:
Visual Capitalist
Насловна фотографија: GIWPS