X
 22.03.2016 Наука

Психолошкиот трик што може да ви помогне во реализирањето на целите

Сите - од елитни спортисти до топ бизнисмени знаат колку е важно човек да има цели. После се`, целите се она што ни ги претвораат соништата во вистински, остварливи чекори.

Без разлика дали вашата цел е да изгубите тежина, да ја реновирате куќата или да завршите тиатлон, дефинирањето на целите може да ја зголеми вашата мотивација, барем на почетокот. Но, голема е веројатноста да ја изгубите мотивацијата за брзо време, а недостатокот на мотивација ве спречува да ги реализирате вашите цели.

Тажната реалност за целите

Статистиките за постигнување на целите се прилично мрачни. Истражувањата покажуваат дека еден од тројца луѓе се откажуваат од нивните новогодишни одлуки до крајот на јануари. И само 46% од луѓето се држат до нивните одлуки во период од шест месеци.

Се разбира, не се само новогодишните одлуки кои не успеваат. Повеќето цели за губење на тежината не се успешни, без разлика кога се одлучувате да ја реализирате. Во зависност од тоа кое истражување го читате, некаде помеѓу 65 и 95% од луѓето кои губат тежина на крајот ја враќаат.

Статистиката за финансиските цели не се многу подобри: речиси 29% од Американците немале никаква пензиска заштеда ниту традиционален пензиски план. Ова, и покрај фактот дека 59% од луѓето изјавиле дека биле делумно или многу се загрижени дека тие немаат доволно пари за пензија.

За жал, голем број различни видови на цели не се реализирани секоја година. Но, добрите вести се дека со една мала промена можете да ги подобрите вашите шанси за успех.

Поставете го опсегот на целите


Повеќето експерти препорачуваат воспоставување на дефинитивни цели. Наместо да кажете: „Сакам да изгубам килограми“, тие советуваат дека треба да поставите мерна цел како: „Сакам да изгубам 7 килограми“. И додека квантитативните цели можат да бидат корисни, едно истражување објавено во „Journal of Consumer Research“, изборот на специфичен број на цели може да заврши лошо. Ако имате цел да изгубите 7 килограми, може нема да имате доволно сила за да ја постигнете ова цел. И нормално, вашата мотивација опаѓа, а со тоа и шансите за успех.

Но, ако поставите опсег на целите, вие ќе ги зголемите шансите за успех. Со тоа, ако прогласите дека сакате да изгубите од 2 до 7 килограми може да е поефективно отколку одредувањето да изгубите 7 килограми. Истражувачите откриле дека кога учесниците го достигнуваат најниското ниво на нивниот опсег, тие доживуваат чувство на остварување на целите, такашто нивната мотивација продолжува да трае.

Кога учесниците на крајот ги погледнале постигнатите цели, тие се чувствуваа предизвикани, што е суштинска компонента за успехот. Тие знаеја дека нивните цели бараа напорна работа, но се чувствуваа самоуверени во нивната способност да продолжат. Како резултат на тоа, шансите за реализирање на целта нагло се зголемија.

Воспоставување на опсег на целите за себеси може да е еден од наједноставните и ефективни начини за промена на вашето однесување. Без разлика дали вашата цел е да вежбате од три до пет пати неделно или да заштедите 1.000 до 2.000 денари месечно, поставете разумен опсег. Голема е веројатноста да го почувствувате успехот кој може да ве доведе до следното ниво.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука