Најновиот Глобален индекс за мир, објавен од Меѓународниот институт за економија и мир, независен истражувачки центар чија цел е мерење на мирот и стабилноста во светот, вели дека светот минатата година беше помирно место.
24 земји во Европа забележале намалување на тероризмот во однос на неговото влијание минатата година, иако забележува зголемување во осум земји, вклучувајќи ја и соседна Србија.
Индексот, објавен во средата, користи 22 индикатори што се движат од ниво нивото на воени трошоци до односите на една земја со соседите и процентот на нејзиното население затворено во затворите.
Анализата спроведена во 163. земји покажува дека Исланд е најмирната земја во светот, а веднаш по неа се Данска, Нов Зеланд, Португалија и Австрија.
Словенија се најде на врвот во балканскиот регион, освојувајќи го осмото место од вкупно 163. земји, додека Бугарија е на 26. место. Хрватска е на 28. место, Србија на 50. место, Албанија на 51. место и Северна Македонија на 65. место. Црна Гора е на 67. место, а по неа се Босна и Херцеговина на 81. и Косово на 86 место.
Србија е за пет поени повисоко од последниот индекс, Косово е за осум поени, Босна за девет поени, додека Северна Македонија за неверојатни 23 поени над својата претходна оценка.
Извештајот вели дека Европа стана помирна, со исклучок на Турција.
- Турција има најлоши резултати кога станува збор за тероризмот, во целиот регион. Само осум земји (во Европа) забележаа зголемување на тероризмот, меѓу кои и: Холандија, Латвија, Полска, Норвешка и Србија - вели извештајот.
Србија и Косово регистрираа намалување на раселувањата на населението во Европа, иако прецизните бројки варираат во зависност од изворот на податоци за овие земји.
Тринаесеттото издание на
Глобалниот индекс за мирот покажува дека просечното ниво на мирољубивост се подобрило многу малку. Ова е првпат индексот да забележи такво подобрување во период од пет години. Просечната оценка на земјите се зголемила за 0,09 отсто - 86 земји забележале подобрување на резултатот, а 76 влошување. Индексот открива свет во кој конфликтите и кризите што се појавија во изминатата деценија почнаа да се намалуваат, иако се појавија нови тензии во и меѓу нациите.
Авганистан сега е најмалку мирољубива земја, според извештајот, заменувајќи ја Сирија која е сега зад Авганистан. Јужен Судан, Јемен и Ирак ги сочинуваат останатите пет најмалку мирољубива земја, вели извештајот.
Целосниот извештај можете да го прочитате
ТУКА.