X
 14.12.2020 Живот

Внатрешноста на авионите по пандемијата: кабини што штитат од болести и од гласни патници

Пандемијата на коронавирусот ги убеди авиокомпаниите дека треба да се приспособат на новонастанатата ситуација и да создадат нов, поинаков дизајн на внатрешноста на нивните авиони.

Се предлагаат различни идеи, од нов аранжман за седење и затворени места за седење, до поставување целосно изолирани кабини во кои патниците навистина ќе можат да се одделат едни од други.

Идејата на британската компанија „Факторидизајн“ од Лондон подразбира престој во затворени кабини што на патниците ќе им овозможи повеќе простор, приватност, но и заштита од можна зараза за време на летот.

Во кабините патниците можат сами да ги приспособат седиштето и светлината, и да изберат забавна содржина што ќе можат да ја гледаат на екранот, без да ги вознемируваат оние до нив.

avion

Кабините би биле поставени во форма на саќе. Исто така, станува збор за решение што допрва треба да се воведе во прва и во бизнис-класа.

Интересно е тоа што оваа идеја за кабините била развиена уште во 2014 година, а „Факторидизајн“ ја приспособи и дополнително го подобри изгледот оваа година.

Првичната идеја била да имаат кабини за различни намени, а не за класи - за луѓе што патуваат од бизнис-причини, за соло-патници, за семејства или за оние што сакаат да патуваат луксузно.

Извор: Punkufer.hr
Фото: Factory Design
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот