Уникатниот планински град во Македонија, Крушево, седма година по ред ќе го надополни летното уживање со фестивал кој на едно место обединува музика, спорт и култура!
Дружењето и градењето летни спомени во Крушево оваа година ќе трае од 30 јуни до 2 јули. Ветуваме позитивна атмосфера, адреналин, одлична забава и многу љубов!
Целта на фестивалот е промовирање на крушевскиот живопис полн со природни убавини и спортски атракции, будење на адреналинот и желбата за дружење, но и промоција на уметноста, историјата, живите традиции на градот и гостопримството кои и тоа како создаваат чувство на топлина.
Фестивалот започнува во предвечерието на 24 јуни, со пријавување и подигање на пакет со маичка и производи од спонзорите. Официјалното отворање започнува истиот ден со забава на отворено со најпознатиот бунтовник од македонската музичка сцена Дани Димитровска и нејзиниот бенд, додека наредните денови музичката програма на отворено ќе ја надополнат FUNK SHUI, SHORTY P, DJ PATSIS, DJ Bapchu, ESTEPHANO, Totsilly. Целосната програма може да се погледне на веб-страницата
www.wheninkrusevo.com.mk.
Имајќи предвид дека Крушево го има еден од најдобрите светски параглајдинг терени и е топ светска дестинација за овој вид на адреналински и активен туризам, во нашиот фестивал го вклучивме и атрактивното тандем параглајдинг летање од Мечкин Камен.
Меѓу другите адреналински спортови кои ќе ги понуди фестивалот се и искачување на вештачка карпа, јавање на коњи, кајак и SUP. За љубителите на планинскиот велосипедизам има тура од 20 километри и планинска велосипедска трка, додека за истражувачите на планинските убавини планинарска тура од 10 километри. Оваа година за обожавателите на трките, во рамките на фестивалот ќе се одржи улична трка од 5 километри, како и „trail“ трка, а за гурманите се спрема саем за храна и пијалаци.
Бидејќи овој фестивал е од отворен карактер и нема возрасна граница, но има љубов и интересни содржини за секој посетител, истиот претставува силен магнет како за професионалните спортисти и љубителите на адреналински спортови, така за уживателите на забави. Но, со сè она што го нуди може да го oкарактеризираме и како фамилијарен фестивал. Затоа не ги заборавивме и најмладите и за нив подготвивме детско катче на Крушевското езеро со денска забава, јога, детска трка и многу детски игри.
Затоа што заинтересираноста е голема, како и секоја година обезбедуваме камп-зона на Крушевското езеро со сите потребни услови, додека оние кои ќе се одлучат за приватните и хотелските сместувачки капацитети, истите може да ги погледнат нашите соработници на веб-страницата
www.wheninkrusevo.mk.
Со секоја купена карта се добива попуст до 50% на спортските активности, воедно се обезбедени влезници за Спомен-куќата на Тоше Проески, Македониумот како и Галеријата „Никола Мартиновски“.
Картата за ова тридневно авантуристичко дружење во Крушево е 500 денари и истата може да ја купите на продажната мрежа на
MK Tickets.
Сите подетални информации за фестивалот можете да ги следите на нашата фејсбук-страница.
ЦЕЛОСНА ПРОГРАМА НА ФЕСТИВАЛОТ
(Комерцијална објава)