X
 15.06.2026 Живот

Прогласен е најдобриот хотел на светот - изгледа како да е излезен од бајка, а ноќевањето е само 40 евра

Според оцените на корисниците на платформата „Трипадвајзер“, хотелот „Г.Х. Универзал“ во Бандунг, Индонезија, е прогласен за најдобар хотел на светот за 2026 година.

„Трипадвајзер“, најголемата светска платформа за препораки и информации за патувања, ги објави добитниците на годишните награди за најдобри хотели за 2026 година.

- Овогодишните победници ги претставуваат најдобрите избори на милиони патници кои престојувале во овие објекти, ги доживеале и одвоиле време да остават рецензии - вели Лорел Грејтрикс, директорка за комуникации на групацијата „Трипадвајзер“.

- Без разлика дали станува збор за луксузно одморалиште во Индонезија или бутик-хотел на брод, овие победници ја создаваат основата за навистина незаборавни патувања - додаде таа.

На првото место се најде хотелот „Г.Х. Универзал“ во Бандунг (Индонезија), импресивна градба во ренесансен стил која е идеална појдовна точка за истражување на Западна Јава. Притоа, цените на собите започнуваат од околу 35 фунти (40 евра) за ноќевање.

Гостите го опишуваат како луксузен, пријатен и преубав хотел, додека други особено ги истакнуваат содржините за деца, како што се трамбулините и цртањето на лице.

 

Второто место го зазеде хотелот „Колин де Франс“ во Бразил. Хотелот носи допир на европска елеганција во планинското гратче Грамадо, со 34 луксузни апартмани, секој со посебен мирис. Во понудата се и велнес-центар, масажи, како и третмани за тело и лице.

 

- Овој хотел е навистина посебен. Се посветува внимание на секој детаљ, а услугата е беспрекорна - пишуваат гостите.

Третото место му припадна на хотелот „Спортинг фемили хоспиталити“ во италијанското место Ливињо. Семејниот хотел нуди велнес-содржини, базени и многубројни активности за деца, а топлата атмосфера и близината на скијачките патеки го прават одличен избор за зимски одмор.

 

Извор: Nova.rs
Фото: Facebook

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот