Летото можеби не е најдобро време да се замарате со тешки егзистенцијални проблеми и да размислувате на филозофските прашања кои немаат одговори, но сепак ние ви откриваме шест интересни дилеми кои ќе ве заинтригираат.
1. Двобој на затвореници
„Тања и Синк се уапсени поради вооружен грабеж на банка и се сместени во различни соби. И двајцата се себични и се грижат повеќе за себеси отколку за другиот. Тужителот им предлага: Можеш да се браниш со молчење или со признавање. Ако признаеш а твојот соучесник се брани со молк, ќе бидеш пуштен на слобода, а твоето сведочење ќе биде искористено против твојот соучесник. Исто така, ако ситуацијата е обратна, тој ќе биде пуштен на слобода, а ти ќе идеш во затвор. Ако двајцата признаете, ќе се погрижам да одслужите помала казна. Ако двацата се браните со молчење, ќе имате само тужба за поседување на огнено оружје.“
Оваа дилема е поставена во книгата Стенфорд Енциклопедија на Филозофијата и претставува класичен двобој во кој се соочува личност која нема доволно информации за да донесе правилна одлука. Сепак не е тоа само хипотетско прашање, туку нешто со кое се сретнуваме во секојдневниот живот.
2. Научник кој не препознава бои
„Мери е брилијантен научник кој од некои причини мора да го гледа светот од црно-бела просторија преку црно-бел екран. Таа работи со невропсихологија на видот и ја познава целата теорија за тоа што се случува кога ќе видиме зрела црвена јаготка или сино небо, и како нашиот мозок ги распознава тие бои. Исто така открива како информацијата од нашето око патува во нервниот систем да препознае дека небото е сино. Што ќе се случи кога Мери ќе излезе од својата црно-бела соба или ако почне да го гледа светот низ монитор во бои? Дали ќе научи нешто ново?“
Ова прашање го поставил Френк Џексон, и се вика Проблем на обратен спектар. Целта е да поттикне расправа за начинот на кој го гледаме светот и колку се вистинити физичките карактеристики.
3. Машина за искуство
„Замислите дека постои машина која би можела да Ви го приушти секое искуство кое го посакувате, со помош на стимулација на мозокот. Цело време би биле приклучени, со електроди закачени на главата. Дали би се приклучиле на ваква машина и би ги промениле сите свои животни искуства? Секако, додека сте вклучени, не би знаеле за машината и ќе верувате дека сите лажни доживувања се случуваат навистина.“
Ова е всушност дел од трилогијата „Матрикс“, но пред тоа ја измислил филозофор Роберт Нозик.
4. Проблем со локомотивата
„Замислете дека сте поправач на железници и дека во Ваш смер се движи неконтролирачка локомотива. Патеката води кон група од 5 луѓе кои стојат на левата патека, а дугата патека има еден човек кој стои на неа. Ако не направите нешто, локомотивата ќе сврти лево и ќе згази пет луѓе, а ако ја свртите десно, ќе го прегази едниот човек. Што ќе направите?“
Овој проблем е поставен од славната Филипа Фут, и претставува едно од суштинските етички прашања. Во суштина тука се работи во двобој дали да убиете еден човек или да оставите да умрат пет луѓе.
5. Пајак во писоар
Филозофот Томас Нејџел забележал во еден од писоарите во Принстон, пајак кој очигледно таму живеел. Томас заклучил колку може да биде ужасен животот кој никој не би сакал да го има.
„По одредено време гледајќи го, забележав дека е заглавен таму, поради мазниот порцелан. Па така земав парче хартија и ја пружив кон пајакот. Со неговите ноџиња ја прифати хартијата и го подигнав и преместив на плочките. Тој само седеше таму, без да се мрдне ни милиметар. По два часа откако се вратив тој сеуште беше на истото место, без да се помрдне. Следниот ден го најдов на истото место, со стврднати ноџиња, карактеристично за мртов пајак. Неговото тело седеше таму со недели, се додека некој не го тргна.“
Овде се работи за неразбирањето што луѓето сакаат и она што ние мислиме дека луѓето (или животните) сакаат.
6. Аргумент на замена
Ако за пример земеме претпоставка дека луѓето одеднаш ќе станат вегетеријанци и ќе престанат да јадат свињи, крави, кокошки итн, во тој случај не би имало потреба од одгледување на толку животни, што би ја намалило нивната популација драстично.
Хенри С.Солт вели: „Нема послаб аргумент за станување вегетаријанец од оној дека тоа е хумано. На свињите им е во интерес да постои побарувачка за сланина. Да беа сите Евреи на светот, воопшто не би постоеле свињите!“