X
 29.03.2017 Култура

Прашања кои заслужуваат поголемо внимание

Во прилог на познатите светски проблеми како климатските промени или сиромаштијата, постојат и други прашања со кои светот се соочува, но се помалку присутни во медиумите.

двајца луѓе
Фото извор: Getty images

Еве што велат експерите:

Како да се избегне отпорност на антибиотици?

Она што се очекува во 2017 е да се подобри способноста да се дијагностицира, лекува и превенира инфекции да бидат отпорни на лекови и да се забрза развојот на нови антибиотици за да се заменат оние кои веќе немаат ефект. Поради инфекциите отпорни на лекови се случуваат 700.000 смртни случаи годишно.

Што може да се направи за да се штеди вода особено во пресрет на климатските промени и урбанизацијата?

Најголемиот предизвик поради урбанизацијата е безбедноста на водата. Овој проблем веќе постои и всушност постојано се влошува квалитетот на површинските води, има недостаток на извори и подземни води и се зголемува зависноста од морската вода како извор на енергија.

Како ќе се справи светот со „лажните вести“?

Основниот предизвик со кој сега се соочуваме е како да се справиме со средина во која секој може да ги пласира своите погледи без посредници да ја превенираат дистрибуцијата. Некако сѐ уште мора да има некој процес на колективно доаѓање до некаков договор за она во што ќе се верува и за што се мисли дека се консензуални факти.

Во свет во кој сѐ е поврзано, како ќе се справиме со болестите што се раширени на глобално ниво?

Со меѓународните патувања, зголемената урбанизација и промената на климата вирусите може да поминат граници и да се прошират побрзо од било кога. Последните епидемии како САРС, Ебола и Зика се доказ дека светот не е спремен да се справи со вакви проблеми. За справување потребни се нови вакцини, посилни системи за здравствена заштита и светот да биде подобро координиран.

Како ќе се справиме со пренаселеноста?


Технолошкиот напредок не е доволен за да не направи одржливи освен ако не престане да се зголемува населението на глобално ниво и не се редуцира просечната потрошувачка, додека истовремено расте јазот меѓу богатите и сиромашните во светот. Необновливите ресурси се исцрпуваат и за поголем дел нема да бидат економски достапни во овој век. Затоа мора да се направи план како ќе живее човештвото само со обновливи ресурси на време.

Како може да се направат градовите поодржливи и попријатни за луѓето?


Во однос на градовите во иднина ќе се научи подобро да се планира, гради и плаќа за големи капитални инвестиции и ќе се инвестира пред сѐ во вистинските нешта. Сега заклучоците се базирани на претпоставки. Сега 150 милиони луѓе се преселуваат во градовите секоја година. До 2050 преку 7 милјарди луѓе ќе живеат во градовите, а тие ќе бидат одговорни и за 80% од мисиите на јаглерод. Затоа планерите на градови мора да ги прилагодат градовите на овие бројки.

Како може луѓето подобро да се информираат за природни катастрофи?


Ние одлично се справуваме со финансирање и поддржување на иноветивни истражувања и тоа е за восхит. Но, многу лошо ни оди во езотеричните истражувања и како луѓето да ја искористат информацијата. Луѓето сакаат предвидувања за земјотреси, но тие мора да го разберат и научниот процес. Проблемот е во комуникацијата. Луѓето ги прашуваат истражувачите за одговори и тие не знаат дека тој одговор се зема за конечен. Постои јаз кој се однесува на тоа дека не им се нудат информациите на луѓето правилно.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура