X
 22.12.2022 Живот

Нето-платата во октомври 33.104 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври годинава изнесува 33.104 денари и во споредба со октомври лани е зголемена за 13,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (19,6 проценти), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19,3 проценти) и преработувачка индустрија (17,6 проценти).

Како што наведува ДЗС, зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6,7 проценти), други услужни дејности (3,9 проценти) и дејности во врска со недвижен имот (3,2 проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во октомври годинава изнесува 49.585 денари.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот