X
 28.01.2019 Живот

Тестот поради кој Нов Зеланд не може да најде контролор на воздушен сообраќај

Професија што е платена 90.000 евра во просек, на годишно ниво. Сепак, и покрај извонредно платената работа насекаде низ светот, наоѓањето соодветни кандидати за работа за контролор на воздушен сообраќај е многу тешко.

Кога станува збор за Австралија, за оваа позиција не треба да се има никакво искуство, ниту факултет - само треба да го положите тестот што го даваат, и ја добивате работата.

Иако звучи едноставно, тестот доаѓа со предизвици и само 3 отсто од кандидатите го завршуваат точно.

- Контролорите на воздушен сообраќај се грижат небото да биде безбедно, а протокот на авиони од и до аеродроми да биде уреден, но комуницираат и со други аеродроми и прекуморски региони во близина на австралискиот воздушен простор. Оваа професија бара високо ниво на посветеност и одговорност. Покрај секојдневното управување со рутинскиот воздушен сообраќај, контролорите им даваат информации и помош на пилотите ако доживеат итна ситуација во авионот - пишува во описот на работата.

Минатата година Чарлс Робинсон од „Ејрсервисес“, кој работи како менаџер за обука на оваа професија, имал 1.180 кандидати што аплицирале за програмата за обука. Само 30 биле прифатени.

- Статистички, тоа е помалку од 3 отсто од оние што аплицирале за работата. Работата бара луѓе кои можат да работат под притисок, имаат способност да останат смирени под притисок и да покажат смиреност дури и ако ситуацијата не е добра - вели тој.

Аплицирањето за работата почнува онлајн, каде што кандидатот добива неколку тестови за процена на личното и нумеричкото резонирање, препознавање на шеми, брзина на обработка и способност за визуализација во три димензии.

Тестот е базиран на прашања што ја мерат способноста за решавање проблеми и концептуалното размислување, како и аналитичкото.

Ова се четири примери од прашањата од тестот.

let
Во секој даден пример, ќе најдете логичка секвенција од пет кутии. Вашата задача е да одлучите која од кутиите ја комплетира секвенцијата. За да го дадете вашиот одговор, изберете една од кутиите означени од А до Е.
Фото: HLS

Како изгледа работата на контролорот на лет?


- Веќе 25 години го контролирам небото и секогаш сум возбуден пред работата бидејќи ниту еден ден не е ист. Може да се промени времето, а вие тогаш да ја имате најголемата збрка на небото, апсолутно сѐ доаѓа предвид. И го имате најубавиот поглед на светот - вели Скот Херберт, кој својата работа ја смета за најдобра на светот.

Херберт на 18 години ја поминал обуката, која траела две и пол години. Денес, за добивање дозвола за воздушен сообраќај обуката трае 18 месеци.

Одговори:

Ако сте заинтересирани и сакате да знаете дали го имате она што е потребно за оваа професија, ова се одговорите на прашањата.

let
Фото: HLS
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот