Секој што вели дека обликот на шолјата не е важен, туку дека е важно тоа што е во неа... нема поим што зборува. Дебелината на самата шолја, обликот на рачката, длабочината и волуменот можат и тоа како да влијаат, ако не врз вкусот на пијалакот, тогаш секако врз доживувањето на пиење утринско кафе или чај.
Меѓутоа, што да правите кога ни самите не можете да сфатите каков облик има шолјата?
Токму тоа се случува со златната шолја што го збуни целиот свет. Станува збор за дело на уметникот Тони Фишер, кој прави неверојатни геометриски облици, но овој пат решил да се позанимава со една шолја.
Така тој направил дело од кое „боли глава“ бидејќи никој не може да сфати дали
шолјата е заоблена или има ќошиња.