Во Финска се одржува национален натпревар во скокање, во кој женски учесници јаваат коњи-играчки.
фото извор: Stefan Bremer/Tuffi Films
Иако изгледа забавно и лесно, сепак е комбинација од гимнастика, со дополнителни пречки. Регионалните натпревари се организираат од волонтери, а постојат 10 илјади ентузијасти кои се бават со ова. Најчесто се жени, но многу ретко има и мажи.
Многу од учесниците самите си ги креираат играчките.
фото извор: apnews.com
Неодамна е објавен и документарен филм за овој спорт наречен „Hobby Horse Revolution“. Во филмот, многу учесници говорат за тоа како
спортот им помогнал да си ја зголемат самодовербата или да пребродат некој тежок период од животот.