X
 15.09.2020 Живот

Создаден рај за љубителите на чоколадото во Цирих

Љубителите на чоколадото може да го посетат новоотворениот простор во Цирих кога ќе биде безбедно повторно да се патува. „Домот на чоколадото“ на „Линдт“ ја прикажува историјата на швајцарското чоколадо, раскажувајќи ја приказната за тоа како се произведува познатото чоколадо на компанијата, и поставува изложба на други швајцарски производители на чоколадо.

Ќе има интерактивна, извонредна изложба, а чоколатеријата нуди и часови за правење чоколадо. Посетителите можат да дознаат за потеклото на чоколадото и како какаото ја освоило Европа, а и да го следат производствениот процес во современите објекти. Зградата е дом на најголемата светска продавница на „Линдт“ и располага со објект за истражување и развој на идните рецепти за чоколадо, производствен погон, кафуле и канцеларии.

1

Дизајнирана е од „Крист & Гантенбејн“, а различните делови на зградата се поврзани со спирални скали и каскадни патеки. Тие преминуваат низ огромен атриум долг 64 метри, висок 15 метри и широк 13 метри. Дизајнот на визуелно неверојатната зграда е направен според фабриката „Линдт и Спрунгли“, која била создадена кога компанијата била основана, во 1845 година. Драматичната висока фонтана од 9 метри од златно чоколадо во нејзиниот центар е создадена од ателјето „Брикнер“, кое е и автор на изложбата.

Амбасадорот на брендот и тениската ѕвезда Роџер Федерер беше присутен на отворањето, а беше и дел од видеото што го открива ентериерот на зградата.

3

- Чоколадото е дел од нашиот национален идентитет, а индустријата за чоколадо е исклучително важен економски сектор во нашата земја. Од оваа причина, негувањето на локалната експертиза за чоколадото е синоним за зајакнување на Швајцарија како економска локација - вели Уели Маурер од Федералниот совет на Швајцарија.



Извор: Lonely Planet
Фотографии: Walter Mair
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот