X
 31.10.2021 Живот

Милијардер сака да изгради рајски град среде пустина

Поранешниот главен извршен директор на „Волмарт“, Марк Лор, планира да го изгради „најодржливиот град во светот“, кој ќе биде наречен Телоса. Според неговиот план, во градот би можеле да живеат 50.000 луѓе до 2030 година.

Градот ќе биде изграден во пустина во западниот дел од САД, а Лор планира да изгради куќи за сите жители до 2030 година. Бројот на жители би можел да се зголеми до 5 милиони до 2070 г..

Во Телоса ќе се користи само електрична енергија произведена од обновливи извори и сите жители ќе имаат еднаков пристап до образование, здравствено осигурување и превоз. Градот ќе биде сопственик на земјата и сите куќи, а визијата на Лор е тој да биде пример за нов економски модел од кој ќе може да учат другите.



За почеток, потребни се 25 милијарди долари за инвестиции во изградба на градот, а целосната сума на инвестиции може да се зголеми на над 400 милијарди долари.

Меѓутоа, во градот нема да може да живее кој било бидејќи ќе има процес на селекција. Според Лор, ќе бидат одбрани жители од различни раси, со различна сексуална ориентација и припадници на различни религии, но точните критериуми допрва ќе бидат дефинирани.

Извор: Interesting Engineering
Фото: Instagram (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот