X
 15.10.2019 Живот

Јужна Кореја ќе вложи милијарди долари во возила на водород

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, соопшти дека државата планира да вложи 1,8 милијарда долари во развој и производство на самоуправувачки возила и еколошки автомобили што ќе се движат на погон со водородни горива.

 - Во иднина нема да мораме повеќе да бараме идеи од други. Конечно имаме шанса да станеме лидер во светската автомобилска индустрија и треба да ја искористиме - рече Мун при посетата на истражувачкиот центар на „Хјундаи“.

Како пример за јужнокорејскиот раст во областа на самоуправувачки и еколошки чисти автомобили, тој го наведе договорот за испорака на 1.600 корејски камиони на водород во Швајцарија.

- Достигнувањата на јужнокорејското производство на батерии, микрочипови, како и во полето на информатичката технологија, исто така, ќе ѝ помогнат на Јужна Кореја да прерасне во светска водечка сила во автомобилската индустрија - додаде тој.

Водородните горивни ќелии се еколошки прифатлив извор на енергија со речиси неисцрпливи извори. Тоа се добива со помош на електричната енергија која создава електрохемиска реакција, од што, пак, произлегува водена пареа и топлина.

За разлика од моторот со внатрешно согорување, системите со горивни ќелии на водород немаат подвижни делови, а губењето на ефикасноста при работата на машината е минимално.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот