X
 21.02.2023 Технологија

Јужна Кореја работи на својата 6Г-мрежа

Јужна Кореја работи на својата 6Г-мрежа и има намера да ја пушти во употреба. Се работи за врвна технологија, напредни мобилни мрежи и софтвер од следната генерација и, зајакнување на синџирот на снабдување, објави корејското Министерство за наука, информатичка и комуникациска технологија.

Јужнокорејската Влада ги охрабрува тамошните компании да произведуваат материјали, компоненти и опрема за развој на 6Г-мрежата, а се планира и посовремена мрежа за снабдување со потребните технолошки делови. Со оваа иницијатива Јужна Кореја  има цел да биде пред светот во однос на 6Г-технологијата. Оваа земја ја има четвртата најголема економија во Азија и поседува 25,9 отсто од патентите за 5Г во 2022 година - таа бројка за Кина е 26,8 отсто. Јужнокорејските власти се надеваат дека ќе го надминат бројот 30 отсто, во однос на патентите за 6Г.

- Споменатата 6Г-мрежа ќе го обедини виртуелното со вистинскиот свет... Оваа 6Г-мрежа ќе ја пренесе холографската комуникација од научната фантастика во вистинскиот живот - тврди Џанг Јонгтао, заменик-генерален директор на „Ериксон“ за Кина.

Истражувањата за идната технологија веќе се во тек, а целиот проект чини над 482 милиони долари.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија