X
 15.10.2019 Живот

Во оваа зона не работат ни часовниците ни радиоприемниците

На 27. северен напоредник се наоѓаат многу значајни и познати места: Бермудскиот триаголник, пирамидите од Гиза и Хималаите. Но, има и уште едно место што ги збунува експертите.

Често ја нарекуваат „Зона на тишината“, мистериозното место кое се наоѓа во Мексико и кое го запира функционирањето на часовниците и радиоапаратите е едно од подрачјата со најмногу аномалии на целата планета.

Се чини дека таму ниеден уред не функционира како што треба, а научниците што го проучувале подрачјето не нашле логично објаснување за тие појави и остануваат збунети поради многуте нејаснотии.

Оваа вонземска пустина се наоѓа на 2.000 метри надморска височина, а е помистериозна отколку што може да се претпостави.

Таму, среде ништо, мистериозниот железен обелиск висок речиси три метри стои самостојно, покажувајќи кон енигматичниот регион лоциран на иста линија, поврзувајќи го со другите места полни со аномалии и со славните египетски пирамиди. Иако зоната ја посетувале научници од различни области, единственото што го откриле се нешта кои не можат да ги објаснат.

Според разните раскажувања, во некои делови од оваа зона не функционираат часовниците, компасите не покажуваат север, а радиоприемниците емитуваат само тишина.

Прекарот „Зона на тишината“ не е даден поради недостиг на звук, туку поради феноменот во кој радиобрановите не можат правилно да се дистрибуираат. За да можете таму да комуницирате со радио, треба да имате многу среќа или, пак, да се наоѓате во строго одредено подрачје, но дури ни тогаш комуникацијата не трае долго.

Фото: Express.hr

Регион преполн со железо

Иако подрачјето се смета за зародиш на точката на паранормалното, луѓето живеат таму. Во зоната на тишината има неколку куќи што се многу оддалечени една од друга. Она што е уште поинтересно е што тие камени куќи не содржат железо или кој било друг метален материјал, но сепак се од магнетна природа и привлекуваат магнети.

Некои веруваат дека сето тоа се случува поради високата концентрација на железо во тоа подрачје. Во далечното минато овој регион всушност бил потопен и голем број метеорити паднале на ова место.

Подземни НЛО-бази?


Феноменот го истражувала и научна екипа од градот Тореон, а утврдила дека аномалиите се предизвикани од постоењето на магнетниот конус, кој предизвикува јонизација во атмосферата која го блокира преносот на радиобранови.

Од 19 век има голем број известувања за пад на метеорити, но и за појава на мистериозна светлина, поради што теоретичарите на заговори го нарекуваат подрачјето и НЛО-вортекс, односно локации каде што вонземјаните би можеле да имаат подземни бази.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот