X
 19.12.2019 Наука

Во Мексико пронајдено сидро од времето на конквистадорите

Поморски археолози близу брегот на Мексиканскиот Залив пронајдоа две железни сидра стари 500 години, кои можат да откријат нови сознанија за шпанската инвазија на американскиот континент.

Претпоставките се дека сидрата ѝ припаѓале на флотата на Шпанецот Ернан Кортез, кој го покорил Астечкото Царство во 16 век. Во таа област минатата година беше откриено уште едно дрвено сидро со потекло од Шпанија.

Сите три сидра се пронајдени северно од пристаништето Веракруз. Кортезовата флота во 1519 година се сместила токму таму, каде што бил изграден тогашниот град Виља Рика.

По 1521 година, т.е. по победата над Астеците, градот се претворил во прилично фреквентно пристаниште. Археолозите се надеваат дека откритието ќе води до уште повеќе подводни пронајдоци поврзани со шпанската инвазија. Досега се посочени 15 можни локации на кои се наоѓаат други остатоци од бродовите.

- Освојувањето на Мексико било исконски настан во историјата на човештвото, а бродските трупови, ако ги пронајдеме, ќе бидат симбол на судирот на културите што денешниот запад ги довел до она што денес претставува сè тоа - нагласи поморскиот археолог Фредерик Ханселман.

Се верува дека Кортез ги уништил бродовите така што или ги запалил или, пак, намерно ги потопил, за да спречи екипажот да се повлече од мисијата.

Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Обрадор, претходно оваа година побара од Шпанија да им се извини на мексиканските староседелци поради злосторствата при средновековната инвазија.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука