X
 19.12.2018 Живот

Претседателот на Мексико си ја намали платата за една третина

Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопес Обрадор, си ја намали првата плата за една третина, како дел од владините строги мерки за штедење.

Обрадор требаше да земе плата од 76.160 пезоси (околу 3.800 американски долари) за првите две недели од претседателската функција, но вратил 22.313 пезоси (1.100 долари).

Тој истакна дека платата ќе му биде 53.847 пезоси (2.680 долари) и намалувањето на платата треба да биде пример за сите владини претставници.

Обрадор претходно го продаде претседателскиот авион во согласност со мерките за штедење.

Тој ја почна претседателската должност на 1 декември, а за време на кампањата вети намалување на владините расходи и дека ќе им помага на сиромашните.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот