Син ми има 10 години и заврши четврто одделение. Ме загрижува многу неговото однесување, секогаш кога ќе му кажам нешто или ќе му укажам, на пример, не однесувај се така или не се вели така, тој многу бурно реагира, плаче хистерично и најмногу ме боли зашто мисли дека помалку го сакам. Сакам да останам смирена и се трудам, но тој не прекинува и од неговото однесување се создава голема тензија во семејството бидејќи сме загрижени што му е. Кога ќе се смири, го прашувам зошто така се однесувал, а тој ми вели дека се плашел да не му викам. Тој е многу паметно дете, но и во училиште знае да се занесе и да ме излаже дека нема домашна, да не пишува, што некогаш ме вади од такт. Секогаш треба да сум достапна на телефон, ако не сум, плаче многу како да нема некоја сигурност. Мислам дека тоа е од презаштитничкиот однос од страна на баба му, која секојдневно му кажува што да прави и да внимава на сѐ, нема доволна поврзаност со татко му, кој е затворен тип и цело време е на телефон. Тоа го има попримено и самото дете и не знам како да му помогнам.
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк