X
 15.11.2018 Живот

Министер задолжен за сајбер-безбедност, а никогаш не користел компјутер

Јапонски министер чиј ресор е сајбер-безбедност и подготовка на Олимписките игри во Токио во 2020 година ѝ даде утрово на опозицијата повод за потсмев, измешан со стравови, откако призна дека никогаш не користел компјутер во професионалниот живот.

Шеесет и осумгодишниот Јошитака Сакурада минатиот месец беше назначен од премиерот Шиндзо Абе за заменик-раководител на владина служба за сајбер-безбедност.

На седницата на парламентарната комисија вчера во одговор на прашање тој изјави: „Дваесет и пет години секогаш сум барал помош од мојот персонал или секретари, па затоа никогаш не сум користел компјутер“.

 - Неверојатно е човек што не работел со компјутер да биде одговорен за информациската безбедност - изјави Масато Имаи, член на опозицијата.

Изјавата на министерот предизвика бура од критики и саркастични забелешки на социјалните мрежи.

- Од министерот Сакурада ниту еден хакер не може да украде какви било информации. Можеби тоа е најдобра заштита, напиша еден корисник на интернет.

Сакурада ѝ се придружи на владата при министерската рокада со која премиерот Шинзо Абе се обидуваше да ја одржи рамнотежата меѓу фракциите во својата Либерално-демократска партија.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот