X
 21.03.2018 Технологија

ИБМ го произведе најмалиот компјутер на светот

Компанијата „Интернешнл бизнис машинс“ (ИБМ) го претстави најмалиот компјутер на светот. Тој има процесор со слична сила како компјутерите од деведесеттите години од минатиот век и е наменет за следење на испораката на стока, за детектирање кражби и измами и за извршување едноставни задачи, како што е сортирање на податоците што ќе ги добие.


 
Компјутерот се состои од неколку стотици транзистори, кои му овозможуваат да следи, анализира, комуницира и да реагира на податоци. Можеби едно од најинтересните нешта во врска со овој производ е што неговото производство чини само десет центи за парче.

Според тврдењата на ИБМ, ова е само почетокот, со оглед на тоа дека слични компјутери ќе станат дел од уредите и системите во иднина. Експертите од компанијата моментно тестираат прототип, па уште не е познато кога овој уред ќе биде достапен за сите.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија