X
 05.04.2021 Технологија

Космичките зраци годишно предизвикуваат до 40 илјади мрежни дефекти во Јапонија

Космичките зраци годишно предизвикуваат помеѓу 30 и 40 илјади дефекти кај домашните комуникациски мрежни уреди во Јапонија, откри јапонскиот телекомуникациски гигант „Нипон телеграф и телефон“ (НТТ).

Повеќето таканаречени „благи грешки“, или привремени дефекти во мрежниот хардвер на јапонскиот телеком, се автоматски поправени преку безбедносни уреди, но во некои случаи експертите велат дека тие може да доведат до прекини.

Ова е првпат степенот на благи грешки кај домашната информациска инфраструктура да стане очигледен.

До благи грешки доаѓа кога податоците во електронските направи се оштетени откако неутроните, создадени кога космичките зраци се судираат со кислородот и азотот во атмосферата, се судираат со полуспроводниците во опремата.

Случаите на благи грешки се зачестија откако електронските направи со полуспроводници станаа почести. Привремените дефекти некогаш доведувале до замрзнување на компјутерите и телефоните и се сметаат како причина и за некои авионски несреќи.

Според професорот Масанори Хашимото, експерт за благи грешки, има шанси да има „поголеми проблеми“ бидејќи инфраструктурата во општеството станува позависна од електронските направи што користат технологии како вештачка интелигенција и автоматизирано возење.

НТТ ја измерил фреквенцијата на благите грешки и заклучил дека дневно има околу 100 дефекти во домашните сервери.

Извори: B92, Kyodo News
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија